10.8 C
Скопје
12:13 - 30 март, 2026

(ВИДЕО) Хрватските претставници уникатни и во Ливерпул: Сите гледаа во нив

Хрватските претставници на овогодинешниот Евросонг на тиркизниот тепих Лет 3 се појавија во уникатни стајлинзи и ги воодушевија фановите, пишува Индекс.хр

Лет 3 на свеченото отворање на 67. избор за песна на Евровизија во Ливерпул пристигнаа во луксузни костими дизајнирани за нив од Јурај Зигман. Сите освен Прља имаа костими со мотивот на хрватското знаме, додека тој имаше костим во боите на Украина. Овогодинешниот Евросонг е посветен на Украина како домаќини.

Лет 3 ги соблекоа костимите на тиркизниот тепих и останаа во суќњи под кои носеа бела долна облека и кошули. На главите имаа капи кои се дел од сценскиот настап на Евровизија, а беа и нашминкани.

Иако најавија дека во Ливерпул ќе пристигнат со златен трактор, ќе мораат без него бидејќи, како што откри Мрле на својот Инстаграм, „тракторот е заглавен во метаверс поради Брегзит“. За Лет 3 и уште 36 претставници денеска официјално започна Евросонгот со изведбата на хитот „Come Together“ на Битлси, а сите претставници се потрудија да се истакнат на ова прво претставување пред публиката на тој музички натпревар.

 

Слични објави

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо
Се вчитува....