7.8 C
Скопје
10:29 - 1 април, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) СЛАВНАТА ИТАЛИЈАНКА „УКРАДЕ“ ИНСПИРАЦИЈА ОД НАША КАРОЛИНА: А креаторот Ношпал е 19 години пред времето

Се сеќавате на евровизискиот настап на Каролина Гочева во 2020 година во Талин, Естонија?

Веруваме дека стиховите на песната „Од нас зависи“ сè уште ги потпевнувате, но нешто што е незаборавно од тој настап е брилијантната креација на нашиот моден дизајнер и костимограф Александар Ношпал.

Бајковитото црвено здолниште и златниот корсет, кој го отсликува предниот дел на едно женско торзо беше во фокусот на вниманието на настапот, но и години подоцна.



Нашата лото – девојка и модел, Марјана Станојковска во 2007 го позајми корсетот на корсетот на Каролина за потребите на „Miss Hawaiian Tropic International“ како дел од националниот костим на изборот.

Фото: Принтскрин – ЈуТјуб

Во 2019 година Каролина Гочева се најде помеѓу учесниците на музичката манифестација Евровизија кои имале најинтересна и импресивна промена на гардеробата на сцената, за време на настапот.



Се работи за видео изработено од страна на организаторите на Евровизија, во кое се вметнати кадри од учесниците кои од почетокот на одржувањето на Евровизијата, па се до сега имале највпечатлив моден изглед, но и промена на облеката додека ја изведувале песната, пред публиката.

По 19 години од евровизиското деби на Каролина италијанската модна блогерка Кјара Ферањи се појави со сличен модел на корсет на настан во Берлин, креацијата на модниот бренд „Schiaparelli“ каде ја прими наградата „GQ – Woman of the Year“.

На социјалната мрежа „Инстаграм“ Ферањи ја следат повеќе 25 милиони следбеници ширум светот. Италијанката е секогаш совршено стилизирана, а нејзиниот изглед беше во фокусот на вниманието при подигнувањето на наградата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni)


Веројатно Кјара не го гледала настапот на Каролина на  47-тото издание на изборот за песна на Евровизија во 2002 година кој беше проследен од над сто милиони гледачи.

Фото: Принтскрин/Инстаграм
Фото: Принтскрин/Инстаграм
Фото: Принтскрин/Инстаграм
Фото: Принтскрин/Инстаграм
Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....