13:20 - 6 април, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) Ќерката на Агнеса и Роберт е матурантка: Прекрасната Вивиен совршено стилизирана позираше со џиновски букет

Агнеса Органџиева има своја „армија“ од следбеници кои љубопитно го следат нејзиното секојдневние преку фотографиите кои ги објавува на својот инстаграм – профил.Многу мода, внимателно избрана козметика, луксузни подароци, како и фотографии од нејзиниот дом, семејството и пријателите.

Правник по професија, успешна дама и посветена мајка на своите две прекрасни ќерки, Вивиен и Тифани.

 

Органџиева е дама во вистинска смисла на зборот, жена која го негува своето тело, но и својот дух. По осумнаесет години брак со поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации – АЕК, Роберт Орданоски, Агнеса реши да стави крај на заедничкиот живот и да продолжи понатаму.


Сепак, грижата и љубовта кон двете ќерки е нераскинлива врска. Роберт и Агнеса вчера имаа прекрасен повод за славење.

 

Нивната постара ќерка, прекрасната Тифани го прослави своето завршување во медицинското средно училиште, а мама и тато организираа матурска прослава за најблиските во еден скопски ресторан.


Вивиен беше елегантно стилизирана во прекрасен розов топ и здолниште со висок шлиц. Прекрасната матурантка позираше пред објективот држејќи во раката прекрасен џиновски букет.

„Вивиен среќна матура принцезо моја“ – напиша Агнеса во описот на фотографијата.


По прославата во ресторанот мама Агнеса ја испрати Вивиен до ресторанот каде матурантката ја продолжи прославата со своите соученици.

Многу музика, весели млади луѓе и позитивна атмосфера која ја понесе Агнеса и за момент ја врати во своите средношколски денови.

Слични објави

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin

„Бебето личи на неа“: Кумот на Милица Тодоровиќ проговори за пејачката, откри кога ќе се врати на сцената

Еспресо

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо
Се вчитува....