11:05 - 19 ноември, 2026

(Видео) Данијела Мартиновиќ објави снимка од својот прв настап: „Тремата целосно ми ја исуши устата“

Данијела Мартиновиќ на Инстаграм сподели извадок од нејзината книга „Туширање душе“, во кој се потсети на својот прв настап на Сплитскиот фестивал, кој се одржа во 1989 година.

„Дебитантскиот настап остана во мојата мала вечност снимен со сатенско розов аутфит. Здолниште до над колена, јакна со пуфнати ракави и црни сатенски ракавици. Нервозата целосно ми го исуши јазикот, непцето и усните“, опишала Данијела.

Напомена и дека се тресела како „дрвена балерина“, но дека некако успеала да издржи до крајот на песната. Но, потоа се случи несреќа – Данијела паднала на скалите и ги повредила колената.

„Во еуфорија, не ми е гајле за болка или крвави колена“, истакна таа во пасусот, потсетувајќи се на некои од изведувачите кои го одбележаа Сплитскиот фестивал.

Иако, како што пишува, тогаш не ѝ пречело да биде сама на сцената, подоцна „самиот збор ѝ станал нејзиниот најголем кошмар“.

Слични објави

(Видео) „Македонци, ако ве немаше, ќе требаше да ве измислиме“ — Јаков Јозиновиќ воодушевен од подарокот на скопската уметница

К.С.

(Видео) Шлагот ја откри слатката тајна — Софија Манчева и Марио Јовановски го споделија полот на бебето

К.С.

Измешајте, испечете и уживајте — рецепт за мек овесен леб со свежо сирење

К.С.

Хороскоп за 19 ноември: Бикови, ќе имате среќа на секое поле

Еспресо

Ви се спие кога врне? Науката објаснува зошто звукот на дождот нè смирува

К.С.

(Фото) Беше најубавата Југословенка, ја изгуби светската круна поради голи фотографии, а и денес изгледа феноменално

Еспресо
Се вчитува....