11:33 - 12 ноември, 2026

(Видео) Дали ова ќе биде најслушната песна на „Макфест“? Марија Спасовска доби најмногу аплаузи на „Макфест“

Ако на втората вечер од фестивалот „Макфест“ беше од натпреварувачки карактер, а не ревијален, младата пејачка Марија Спасовска без сомнение ќе освоеше награда…

Нејзината песна „Темперамент“ ги исполни критериумите на публиката, а Марија на крајот од нејзиниот настап доби громогласен аплауз во преполната сала во културниот дом „Ацо Шопов“.

Денеска беше и официјално објавен спотот на сите социјални мрежи и музички плаформи, кој и овојпат го изработи екипата на „Урбан Рекордс“, на чело со Гордан Божиновски.

„Мене ми е најважно тоа што на публиката и се допаѓа новата песна. Реакциите се одлични, коментарите исто така. Ќе бидам искрена и ќе кажам: Кога одбирав која песна да ја пријавам на „Макфест“ песната „Темперамент” ми даде звук за хит и очекувам да биде слушана … Среќна сум што наиде веднаш на силен аплауз кај публиката во салата во Штип “ – изјави Спасовска.

Марија не запира тука, таа со својот тим веќе полека работат и на новиот проекот, а до тогаш ќе може да ја слушнете и видите на настапите ширум нашата земја.

Слични објави

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.
Се вчитува....