13:12 - 27 ноември, 2026

„Тоа за неа беше голем удар“: Марија Шерифовиќ откри како ѝ признала на мајка си дека сака жени

Пејачката Марија Шерифовиќ во далечната 2014 година ја објави својата книга „Исповед“, во која го опиша своето детство, музичките почетоци, љубовните врски и победата на Евровизија.

Марија во книгата тогаш откри многу работи од својот живот, а меѓу другото сподели со фановите дека никогаш не размислувала да биде со жена, но дека едноставно ѝ се случило.

Како што понатаму наведува, нејзината мајка, Верица Шерифовиќ, доживеала слом кога ѝ признала дека е наклонета кон истиот пол и не сакала да зборува со неа целиот месец.

– Добро се сеќавам, ѝ реков: „Госпоѓо, сè што се сомневаш дека го правам, навистина го правам и те молам престани да ме следиш, испрашуваш и слично“. Ме гледаше во неверување. Солзите ѝ потекоа и полека се лизгаа по образите. Тоа за неа беше голем удар бидејќи знаеше дека претходно имав момчиња во Крагуевац и уште некои врски во Белград. Толку беше шокирана што речиси еден месец воопшто не сакаше да разговара со мене – напиша Марија во книгата.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....