Анџелина Џоли има многу тетоважи, а секоја од нив има посебно значење.
Големиот змеј во долниот дел на телото посебно побудува внимание. Таа вели дека змејот е резултат на една луда ноќ во Амстердам.
„Змејот е веројатно најголемо изненадување. Бев во Амстердам и малку лудував, ги спуштив панталоните во салонот за тетовирање и следното утро се разбудив со тетоважа. Отсекогаш сакав змеј, ама овој беше смешен, со син јазик. За мене змејот е нешто слично на жена – силен е и елегантен.“
Тетоважата во готски стил „Запознај ги своите права“, всушност е име на песна од нејзиниот омилен бенд „The Clash“, која ја направила во 2004 година.
Будистичката пали магија, напишана со кмерско писмо на јазикот на Камбоџа, ѝ ја направил уметникот за тетоважи Ноо Канфахаин во хотел во близина на Бангкок. Анџелина верува дека таа ги штити неа и нејзиниот посвоен син Мадокс од лоша среќа. Во превод значи: Нека твоите непријатели бидат далеку од тебе. Ако сте стекнале богатство, тоа секогаш нека остане ваше, биди убава како Апсара, каде и да одите бидете опкружени со луѓе, нека ве служат и штитат.
Координатите од земјите каде што се родени нејзините деца – Камбоџа (Мадокс), Етиопија (Захара), Намибиа (Шило), Виетнам (Пакс Тиен), Франција (Кнокс и Вивиен).
https://www.instagram.com/p/ByPpLuKJCc1/
Анџелина додала и седма линија, координати од Оклахома, каде што е роден Бред Пит. Оваа тетоважа ја направила на местото каде што бил змејот и името на поранешниот сопруг Били Боб Торнтон. Ја отстранила со ласер, но останале мали траги.
Римскиот број 13 го тетовирала за да покаже дека не е празноверна. Подоцна додала и VMCMXL (13 мај 1940) е датумот на фамозниот говор на Винстон Черчил кога рекол: Немам ништо да понудам освен крв, труд, солзи и пот.
Тетоважата од 2016 година во облик на решетка, ги симболизира четирите континенти и четирите елементи: земја, вода, воздух и оган.
Тетоважата Одлучност на арапски јазик ѝ е од 2009 година.
Под неа во 2013 година додала уште две реченици на арапски јазик, веднаш откако се подвргнала на двократна мастектомија.
Разводи и отстранување на тетоважите
Како што „пукале браковите“, така и таа ги отстранувала тетоважите кои бие посветени на некој конкретен партнер. Во интервјуто за време на постапката на отстранување на тетоважите на азискиот змеј посветена на поранешниот сопруг Били Боб Торнтон рекла: „Веќе никогаш нема да бидам глупава да си истетовирам име од маж.