4.8 C
Скопје
07:10 - 1 октомври, 2026

Теа Трајковска по трагедијата во Кочани: „Имав панични напади и со месеци не излегував од дома“

Пејачката Теа Трајковска отворено проговори за анксиозноста, паничните напади и емотивниот товар што го носела по трагедијата во Кочани, признавајќи дека минатата година поминала низ еден од најтешките периоди во животот.

Во гостување во поткастот „Ресет“ на Нина Ред, Теа искрено раскажала дека со месеци се повлекла од јавноста и речиси не излегувала од дома.

„Имав период кога од дома излегував само за најосновни работи. Навистина е тешко кога ќе изгубиш близок човек. Никој не може да разбере додека не му се случи“, рекла пејачката.

Таа беше блиска со членовите на „ДНК“, особено со Панчо, чија смрт остави голема празнина кај многумина што го познаваа. Теа признава дека токму тие случувања силно влијаеле врз нејзиното ментално здравје.

„Лани го допрев дното со анксиозноста. Имав панични напади и долго време не бев добро“, открила таа.

Пејачката вели дека музиката во тој период ѝ била единственото место каде што можела да најде мир. Таа најави и нова песна, инспирирана токму од емоциите и болката низ кои поминувала.

Текстот за песната го напишал Лазар Цветковски, кој, како што вели Теа, бил еден од луѓето што најмногу ѝ помогнале во најтешките моменти.

„По телефон ми ја свиреше песната на клавир и веднаш почувствував дека е моја. Во неа има многу од сè што поминав“, раскажала таа.

Трајковска признава дека долго размислувала дали да побара стручна помош, но најголема поддршка добила од семејството и најблиските пријатели.

„Многу љубов добив од моите блиски. Разговаравме отворено за сè и тоа многу ми помогна. Најважно е човек да не се затвора во себе“, рекла пејачката.

Таа испрати порака и до сите што поминуваат низ слични состојби.

„Треба да побараат помош и да имаат некој што ќе им ја држи раката низ тешките моменти. И на луѓето што ги сакаме треба да им кажуваме дека ги сакаме“, вели Теа.

Иако настапите по трагедијата ѝ биле особено тешки, признава дека студиото и музиката ѝ помогнале постепено повторно да застане на нозе.

„Во студио наоѓам мир и волја за живот. Настапите беа многу потешки, затоа што никој не те прашува дали си добро кога треба да излезеш пред публика“, искрено раскажала пејачката.

Слични објави

Сопругата на Ѓани е во болница поради влошено здравје: „Губи многу крв, претпоставувам дека ќе биде…“

Еспресо

(Фото) „Го виде целото мое тело, те сакам“: Славење во домот на Луна Ѓогани и Марко

Еспресо

(Фото+видео) Таа е единствената Србинка која присуствуваше на Ем-ти-ви наградите: Рамо до рамо со Мадона

Еспресо

Објавени жестоките закани на Ана Николиќ: На колешка ѝ порача дека ќе ја ишиша, на друга дека ќе ѝ го отсече јазикот, а нему дека ќе го спакува во кесички

Еспресо

(Фото) Жељко Бебек се пофали со успехот на ќерката Катарина: „Нашите срца се полни со гордост и среќа“

Еспресо

Убавината на рачната изработка: украсни свеќи со цветни мотиви – уникатен подарок за секоја пригода

Еспресо
Се вчитува....