02:10 - 2 април, 2026

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Иван Рајтман, режисер на култниот филм „Ghostbusters“

Иван Рајтман, холивудскиот продуцент и режисер, почина на 76-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврди извршниот директор на „Sony Pictures Motion Picture Group“, Том Ротман на официјалната страница на „Твитер“ на филмот „Ghostbusters“.

„Иван Рајтман беше составен дел од наследството на ова студио, но повеќе од тоа, тој беше пријател. Голем талент и уште подобар човек. Многу ќе недостасува. Изразуваме сочувство до неговото семејство“, напиша Том.

Џон починал мирно во сон, во својот дом во Калифорнија, вели неговото семејство.

„Нашето семејство тагува за неочекуваната загуба на сопругот, таткото и дедото кој нè учеше секогаш да ја бараме магијата во животот. Се радуваме што неговата работа донесе смеа и среќа на безброј луѓе ширум светот. Додека тагуваме приватно, се надеваме дека оние кои го познаваа преку неговите филмови ќе го паметат засекогаш“, стои во изјавата на семејството на холивудскиот режисер.

Дипломирал музика во 1969 година на Универзитетот Мекмастер, а за време на факултетските денови продуцирал и режирал неколку кратки филмови. Беше продуцент на „National Lampoon Show“ во 1975 година, а подоцна стана познат режисер на комедии. Својот најзначаен успех го постигна со филмот „Ghostbusters“ од 1984 година.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....