Српската пејачка Тања Савиќ откри дека со својот партнер Муки Бешиќ сакаат да добијат дете и дека веќе работат на остварување на таа желба. Таа отворено проговори и за можноста да побараат медицинска помош, со оглед на тоа што наскоро ќе наполни 42 години.
Во гостувањето во емисијата „Премиера – Викенд специјал“, Савиќ се осврна на коментарите дека не сака да му роди дете на својот партнер.
„Многу луѓе ни пишуваат, има многу хејтери, тоа се луѓе кои стојат зад тастатура и така го поминуваат слободното време. Има и злонамерни коментари. Тие мислат дека јас го држам Муки покрај себе, дека се шегувам со него и дека нема да му родам дете. Јас сакам да му родам дете на Муки, сите се борат за потомство, па и ние“, изјави пејачката.
Таа откри дека со Бешиќ се заедно пет години и дека веќе размислуваат и за медицински потпомогнато оплодување.
„Ние сме во тој процес. Заедно сме пет години и нормално е што работиме на бебе, но веројатно ќе мора да се вклучи и помош од медицината и стручни лица за да дојде до оплодување. Не е невозможно, постои и ин витро оплодување. Имам речиси 42 години и полека ми отчукува биолошкиот часовник. Мислам дека човек прво треба да се среди. Ако заминам на планина и не ме гледате подолго време, да знаете дека работам на бебе“, рече Савиќ.
Пејачката веќе разговарала и со своите синови Максим и Ѓорѓе за можноста да добијат братче или сестричка.
„Не треба да се откажуваме, не сум ни прва ни последна. Се борам и ќе се борам. Кога ги прашав децата дали би сакале мама да добие уште едно бебе со Муки, ми рекоа дека тие веќе се големи. Им реков дека тоа е уште подобро, бидејќи ќе има кој да го чува бебето. Тоа е добитна комбинација. Ако нè погледне Бог, би плачела од среќа“, раскажа таа.
Савиќ не ја исклучува ниту можноста за посвојување дете.
„Зошто да не? Би посвоиле дете. Јас сум таква, би им помогнала на сите, би посвоила црно дете, би посвоила деца во Африка, би отворила прифатилиште за кучиња. Би ги заштитила тие невини суштества. Многу сум емпатична“, изјави пејачката.
Таа зборуваше и за своите синови и призна дека како „балканска мајка“ понекогаш е премногу заштитнички настроена кон нив.
„Само од тоа се плашам, бидејќи јас сум балканска мајка, така сме растени. Вечно сум таа што им го носи дуксерот, ги облекува децата. Мора да ги насочиме и веќе ги учам дека животот нема да ги гали“, рече Савиќ.
Пејачката неодамна се преселила во Белград на вода, пред сè поради образованието на Максим и Ѓорѓе. Како што објасни, во новото училиште наставата им е на англиски јазик, на кој тие полесно се снаоѓаат.
Во последните два месеца Савиќ имала помалку настапи бидејќи сакала повеќе време да помине со семејството и да се одмори. Истовремено работи во музичко студио со нови соработници, а најави и три нови песни што планира да ги објави во следните два-три месеци.
