20:19 - 13 ноември, 2026

(Фото) „Време е да се пензионирам“: Елена Реи се повлекува од модниот свет, па покажа како ужива во последните летни денови

Македонската манекенка Елена Реи ги користи последните топли денови за одмор и уживање покрај море, само неколку дена откако соопшти дека по 17 години става крај на едно големо поглавје од својот живот.

Реи сподели серија фотографии од својот летен албум, на кои позира на плажа во бикини и ужива во сонцето и морето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elena Rei (@elena__rei)


Објавата доаѓа непосредно откако македонската убавица откри дека решила постепено да се повлече од модната индустрија. По 17 години работа како модел, од кои дури 15 ги поминала во странство, таа најави дека отсега ќе прифаќа само директни ангажмани.

„По 17 незаборавни години во модната индустрија, чувствувам дека дојде време да го затворам ова прекрасно поглавје и полека да започнам со пензионирањето. Отсега ќе бидам достапна само за директни ангажмани“, напиша Реи.

Осврнувајќи се на долгогодишната кариера, таа раскажа дека животот како манекенка ѝ донел можност постојано да патува, да запознава различни култури и луѓе и да стекне искуства што тешко би ги доживеала доколку не го избрала овој професионален пат.

Сепак, зад гламурозната страна на професијата имало и многу жртви.

„Нема да се преправам дека секогаш беше лесно. Пропуштив многу моменти, родендени, прослави и време поминато со луѓето што ги сакам. Но, за возврат, добив искуства, спомени, сила, независност и уште многу повеќе“, призна таа.

За време на годините поминати во странство, Реи стекнала пријателства кои прераснале во семејство, пронашла дом на неочекувани места и, како што вели, открила делови од себеси кои можеби никогаш немало да ги запознае доколку не била дел од модниот свет.

„Ова патување ме обликуваше во личноста што сум денес и, искрено, не би променила ниту една работа“, порача таа.

Иако најави повлекување од активната манекенска кариера, Реи нема целосно да ѝ каже збогум на модата, бидејќи ќе остане достапна за одредени директни ангажмани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elena Rei (@elena__rei)

Слични објави

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо
Се вчитува....