03:28 - 7 април, 2026

НОВИОТ НАЈБОГАТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ: На Безос ќе му испрати сребрен медал

Извршниот директор и претприемач на „Амазон“ – Џеф Безос и основачот на „Тесла“ и „Спејс Екс“ – Елон Маск со години се борат за врвот на богатството, а овој понеделник Елон Маск стана третата личност во историјата која вреди повеќе од 200 милијарди долари според „Форбс“.

Последниве години, тие двајца беа ривали на два фронта: во нето вредност и вселенска амбиција. Маск вредеше 24,6 милијарди долари во март 2020 година, речиси 90 милијарди долари помалку од Безос во тоа време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Bezos (@jeffbezos)

Во август 2020 година, Безос стана првата личност вредна 200 милијарди долари, бидејќи акциите на „Амазон“ скокнаа. Но, извонредниот раст на акциите на Тесла (раст од 720% во 2020 година) му помогна на Маск да го достигне и за кратко стана најбогатата личност во светот во јануари 2021 година.

Тие двајца оваа година се менуваа неколку пати на позицијата најбогат човек во светот. Според проценката на „Форбс“, Елон Маск денес е најбогатиот човек во светот, со проценети 200,7 милијарди долари. Безос е втор најбогат, со проценка од 192,5 милијарди долари.

Instagram
фото: инстаграм

Елон Маск упати голема провокација до Џеф Безос, велејќи дека ќе му испрати сребрен медал и џиновска статуа во форма на бројот два, а Безос одби да ја коментира провокацијата на Маск.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....