17.8 C
Скопје
16:18 - 7 март, 2026

Кејт Мидлтон се најде на удар на критиките поради фотографиите од нејзините деца

Принцезата од Велс ги урива надежите на новите, млади генерации фотографи со тоа што самата ги фотографира своите деца. Ова се зборовите на кралскиот фотограф Џон Сванел, кому не му се допаѓа тоа што 40-годишната Кејт Мидлтон со години сама ги фотографира родендените на своите деца, а потоа ги објавува на официјалните веб-страници. На тој начин им ја ускратува можноста на младите фотографи да станат познати.

„Работата што ја добив од кралското семејство навистина ми помогна да изградам кариера, но во денешно време некој како мене едноставно нема да има можност да го постигне истото. Треба да им се даде шанса на младите англиски фотографи“, смета Сванел.

Сепак, како што вели тој, тоа што Кејт сама ги фотографира сопствените деца има некои предности, како на пример тоа што, иако не е добар фотограф, таа подобро ги познава, па тие се поопуштени пред објективот.

Страста на принцезата кон фотографијата потекнува уште од нејзините студентски денови, кога го напишала нејзиниот додипломски труд  за детски фотографии.

Таа стана првиот член на кралското семејство што направил први официјални фотографии од кралско бебе, кога во 2015 година објави фотографии од принцезата Шарлот во прегратките на нејзиниот постар брат, принцот Џорџ.

Оттогаш таа редовно ги фотографира Џорџ, Шарлот и Луис, како и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, а нивните портрети ги објавува за нивните родендени.

Слични објави

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо

Драма на концертот на Драгана Мирковиќ во Сплит: Клуб евакуиран по дојава за бомба

Еспресо

Дара Бубамара му купила на синот стан од 500.000 евра, еве во кој европски град се наоѓа луксузниот имот

Еспресо

Снежана Савиќ, мајка со големо срце: „Бев фатална само за себе“

Еспресо

„Девојката со крилата“ објави дека го изгубила бебето: „Никому не би му посакала да го изоди истиот пат“

E.A.

„Се сакаме, ми готви секој ден“: Тигар првпат јавно проговори за врската со Јована Јеремиќ

apostolova
Се вчитува....