14.8 C
Скопје
17:28 - 11 март, 2026

Бившата на Канје Вест: Ми понуди операција на градите додека игравме игри

Џулија Фокс одбила понуда за пластична операција на градите, додека била во кратка врска со раперот Канје Вест во 2022 година, пишува „Пејџ сикс“.

Италијанско-американската актерка и манекенка во своите мемоари „Down the Drain“ се присети како Вест го спомнал зголемувањето на градите додека се дружеле во хотел.

„Го поминавме денот играјќи ‘Уно’ и игра која вклучува означување на позитивни зборови во речникот“, напиша 33-годишната девојка.

Тогаш, како што тврди таа, 46-годишниот рапер ѝ рекол дека, ако сака, ќе ѝ плати за операција на градите.

Фокс, која лежерно ја одбила понудата, напиша и дека имала „добри намери“ кога почнала да излегува со Вест во јануари минатата година.

„Навлегов во тоа со чувство дека сето ова може да биде значајно и неверојатно“, објасни актерката.

Откако се разделила од Вест во февруари 2022 година, по само еден месец врска, Фокс верува дека била користена како „пион“ за време на разводот на раперот и неговата поранешна сопруга, Ким Кардашијан.

„Многу брзо дознав дека ме користат како оружје. Се чувствував како негова мала кукла“, изјави таа за „Лос Анџелес тајмс“ на 29 септември. Фокс го повтори ова во нејзиното интервју за „Гардијан“, заклучувајќи: „Беше понижувачки. Тоа е навистина гадна позиција“.

Ѕвездата од филмот „Uncut Gems“, која го има двегодишниот син Валентин со поранешниот сопруг Питер Артемиева, нагласи дека нејзината врска со Вест „не ја дефинира“, бидејќи тоа е само момент од нејзиниот живот. Таа, исто така, истакна за „Њујорк тајмс“ дека немала „никаков“ секс со Вест за време на нивната врска.

По Фокс, Вест влезе во врска со Бјанка Ценсори, со која се „ожени“ во декември 2022 година.

Слични објави

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо
Се вчитува....