10:57 - 12 ноември, 2026

Статистиката не лаже: Луѓето веќе започнаа да го слушаат божиќниот хит на Мараја Кери!

Пребарувањето на името на поп дивата и нејзиниот божиќен евергрин во последните денови започна да расте, а традиционалната годишна крива јасно покажува дека се работи за тренд кој до месец јануари сигурно нема да запре.

Таа е редовно најслушаната песна на стриминг платформите, а не изостанува ниту на листите со божиќни песни. Да, станува збор за „All I Want For Christmas Is You”, хитот на Мараја Кери снимен во далечната 1994 година. Оваа песна е убедливо најслушана во предновогодишниот период, но овој пат изгледа тоа започна порано.

Тоа лесно може да се забележи по првите божиќни декорации во шопинг центрите низ светот кои започнуваат да ги заменуваат есенските декорации, кои во нормални околности започнуваа од втората половина на октомври или пак почетокот на ноември. А потоа започнуваат и двата месеци во кои Мараја заработува милиони од надокнади за авторски права.

– Не, ве молам! Невозможно е оваа агонија да започнува два месеци порано. Сите заедно ќе побудалиме во карантинов, заклучи еден во коментарите, но станува збор за годишен циклус кој е невозможно да се запре.

Слични објави

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.
Се вчитува....