5.8 C
Скопје
02:50 - 1 април, 2026

Српскиот пејач се криел во подрум за време на терористчкиот напад во Виена: Беше општ хаос!

Познатиот српски пејач Дејан Матиќ кој веќе неколку години живее во Виена, за време на терористичкиот напад кој се случи во пред неколку дена се криел во подрумот на еден ресторан.

Неразмислувајќи дека во главниот град на Австрија ќе се случува хаос на улиците, тој со сопругата и негови пријатели излегле на вечера.

– Бевме кај пријателите во ресторан и штом слушнавме што се случува се симнавме во подрум и тука чекавме да помине нападот – рекол Дејан Мати за српски „Информер“ и додал:

– Нападот почна во 20 часот, а ние еден сат подоцна дознавме што се случува. Тогаш веќе се слушаа сирените, беше општ хаос. На социјалните мрежи се ширеше паника и тогаш еден наш пријател не одведе во подрумот на ресторанот. Се почуствував дека сме во некое засолниште, како да започнува војна. Некои се исплашија доста, а јас бев прилично смирен – навел тој.

Дејан исто така открил кога бил најдраматичниот момент на вечерта.

– Слушнавме дека напаѓачите се наоѓаат баш во делот од градот каде што бевме и ние. Тогаш еден човек бегајќи од терористите, влезе во ресторанот. Беше блед како крпа, испшашен и нем.  Ништо не можеше да изусти. Тој се нашол на лице место, видел што се случува и избега кај нас – изјавил Дејан.

– Штом стана безбездно јас и сопругата седнавме во такси и заминавме дома. Децата ни беа со жената која ги чува. За време на нападот ја повикав за да и кажам да не крева паника. Таа воопшто не знаеше што се случува, а децата спиеја – раскажал пејачот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....