7.8 C
Скопје
07:31 - 2 април, 2026

„СРЕЌНА СУМ, НЕ СУМ РАБОТЕЛА ЗАЛУДНО“: Маја Оџаклиевска доби национална пензија од владата на Србија

Маја Оџаклиевска е неминовен постулат во нашата поп сцена и нејзините песни се синоним за евергрин.  Благодарение на долгогодишното работење и постоење на јавната сцена, на поп рок и џез пејачката Маја Оџаклиевска ѝ беше доделена национална пензија во Србија.

Владата на Србија го усвои предлогот на комисијата за доделување признанија за врвен придонес во националната култура. Дваесет уметници, меѓу кои и нашата пејачка Маја Оџаклиевска, до крајот на животот ќе добијат додаток од 60.000 српски динари на редовната пензија, односно националната пензија.

Пејачката своевремено изјави дека живее со пензија од само 33.000 динари и сега е пресреќна за одлуката.

„Среќна сум, по малку еуфорична. Тоа значи дека не сум работела залудно и дека тоа сум го правела на добро. Мислам дека ова е престижно признание и им се восхитувам на сите што го добија. Се надевам дека нема има незадоволни од одлуката. Ние се трудевме Србија секогаш да ја претставуваме на вистински начин во светот“, истакна 67-годишната Маја за СРПСКИТЕ МЕДИУМИ.

Одлуката за доделување национални признанија е донесена по осум години, на предлог на Комисијата за утврдување на условите за доделување признанија за врвен придонес во националната култура, односно културата на националните малцинства.

(ФОТО) МАЈА ОЏАКЛИЕВСКА СТАНА БАБА ПО ВТОР ПАТ: Нејзината помала ќерка Андреа доби син

Извор: „Слободен Печат“

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....