06:57 - 12 март, 2026

Сопругот на познатата хрватска актерка осуден на затвор: На пресудата се чекаше повеќе од 16 години

Боран Углешиќ, познат лекар од Сплит и сопруг на актерката Ана Груица Углешиќ, е осуден на година ипол затвор, од кои ќе помине шест месеци зад решетки, додека остатокот од казната ќе биде условен, под услов да не стори ново кривично дело во следните пет години, пишува „Директно.хр“.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, ова е неправосилна пресуда во случајот „Дијагноза“, со кој заврши судењето во сплитскиот Жупански суд во понеделник.

Углешиќ е осуден за учество во повеќегодишна мрежа на проневера на воени пензии преку фалсификувани медицински документи.

Судењето се водеше против вкупно седум лица, а случајот трае од 2008 година. Обвинението е поднесено пред повеќе од 16 години, а според него, главни актери биле поранешниот медицински техничар С. Ј., возачот на ХЗМО Д. Ш. и неколку медицински работници, меѓу кои бил и Углешиќ.

Судијата Динко Мешин навел дека во меѓувреме застарени се повеќе кривични дела, поради што казните се поблаги отколку што би биле да можеа сите случаи да бидат процесирани, објави „Слободна Далмација“.

 

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....