13:10 - 7 ноември, 2026

Сопругот на покојната Ена Беговиќ ги нападна Брена и Прија: „Доста ми е од овие кафански пејачки“

Лепа Брена често престојува во Хрватска и за деловни и за приватни цели. Сепак, последната посета изгледа крена најмногу прашина.

Александра Пријовиќ наполни пет Арени во Загреб, а Брена се појави како гостинка на еден од концертите и секако привлече големо внимание кај медиумите и во јавноста. Сепак, не сите гледаа позитивно на настапите на Прија. Добар дел од нејзините колеги јавно ја пофалуваа и ѝ посакаа добредојде, но имаше и јавни осуди.

Меѓу најгласните беше бизнисменот Јосип Дикан Радељак, поранешниот сопруг на Ена Беговиќ и Влатка Покос кој „распали“ по фолк ѕвездите.

„Удри, удри, па ако може нешто чесно и вистината!Зашто особено негативната реклама и лагите се најдобар ПР. Е па сега, сепак, доста ми е од овие кафански ‘певаљки’ на другарката Прија – излегуваат, бре, веќе од секоја паштета!“, напиша Радељак на својот Фејсбук профил.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....