6.6 C
Скопје
03:52 - 1 април, 2026

Сопругата на Сталоне поднесе барање за развод: еве ја причината наведена во судот

Брачниот живот e на крајот за Силвестер Сталоне: неговата сопруга Џенифер Флавин поднесе барање за развод по 25 години брак.

Бракот на Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин завршува по четвртина век.

Според Tmz, токму Флавин (54) поднелa барање за развод во судот на округот Палм Бич во Флорида. Двојката ја започна својата долга врска во 1988 година, а потоа се венча во 1997 година и има три деца: Софија, 25; Систина, 24 години; и Скарлет, 20.

Во досието презентирано пред судот од жената, може да се прочита дека „бракот е непоправливо нарушен“ и дека Силвестер Сталоне „се занимавал со намерно растурање, исцрпување и/или трошење на брачните средства, што има негативно економско влијание врз брачно наследство“.

Дополнително, Флавин приложила и барање за компензација за да го спречи нејзиниот сопруг да „продава, пренесува, доделува, оптоварува или отуѓува каков било имот додека трае постапката“.

Во меѓувреме, врз основа на досегашните гласини, неколку дена пред официјализирањето на раскинувањето, ѕвездата на Роки ја отсрани тетоважата на неговиот бицепс која го прикажуваше лицето на неговата сопруга и ја покри со ликот на неговото куче Буткус. Во меѓувреме пак, Флавин постираше на инстаграм фотографија на која позира со ќерките проследена со написот – „девојките (мислејќи на ќерките) се мој приоритет“.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....