7.8 C
Скопје
20:10 - 26 октомври, 2026

Милионска отштета на вдовицата на Коби Брајант поради споделени фотографии од несреќата

Федералната порота одлучи дека округот Лос Анџелес мора да и плати на вдовицата на Коби Брајант, Ванеса, 16 милиони долари за фотографии од телата на нејзиниот сопруг и ќерката на местото на хеликоптерската несреќа во 2020 година во која загина шампионот во НБА заедно со останатите осум патници.

Деветте поротници, во едногласна пресуда, се согласија со Ванеса Брајант и нејзините адвокати дека полицајците и пожарникарите кои ги фотографираа и споделија фотографиите од посмртните останки на Коби и нивната 13-годишна ќерка Џана, ја нарушија нејзината приватност и ја зголемија неговата емоционална вознемиреност.

Истата одлука (со отштета од 15 милиони долари) важи и за вториот жалител Крис Честер, кој ги загуби сопругата и ќерката во истиот инцидент.

Фотографиите главно беа споделени помеѓу некои вработени во окружниот шериф и некои пожарникари. Нив ги виделе и некои од нивните сопружници, но и еден шанкер од клуб каде бил еден агент.

Ванеса Брајант во солзи сведочеше за време на 11-дневното судење, велејќи дека веста за фотографиите ја зголеми нејзината тага и дека сè уште има напади на паника.

„Живеам секој ден во страв дека тие ќе се појават на социјалните мрежи и ќерка ми ќе ги види“, рече таа, мислејќи на нејзината друга ќерка која, како и таа, не беше во хеликоптерот тој ден.

Слични објави

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо

Естетиката на машкиот стил низ спојот на класиката и современите трендови во бутикот „Капитол“

Еспресо

(Фото) Сузана Турунџиева сподели фотографии со внукот Јаков: Моменти за кои се живее

Еспресо
Се вчитува....