6.8 C
Скопје
21:21 - 26 октомври, 2026

(Фотогалерија) Поглед одблизу на новата девојка на Пике (заврши на насловна страница): Фановите веќе со критики кон изгледот на Клара – „Шакира е поубава“

Фудбалската ѕвезда Пике и неговата нова избраничка Клара Чиа Марти завршија на насловна страница на популарното шпанско списание Хола. 

Откако претходно беа фотографирани за време на концертот на Дани Мартин во Чердања – фотографии кои многу ја изнервираа Шакира, шпанското списание „Хола“ (Hola) ги објави на насловната страница Пике и неговата нова избраничка. Фотографијата од новиот пар е „уловена “ кога двајцата – како пар – присуствувале на свадбата на еден од најдобрите пријатели на фудбалерот.

Така, за разлика од првата фотографија на парот како се бакнуваат, каде двајцата не се гледаат баш најдобро, новите фотографии објавени во списанието нудат подобар поглед на новата девојка а со тоа и отвораат усти за бројни коментари. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @__celebrity___style

Клара е облечена за оваа прилика во макси фустан со риги, речиси со комплетно отсуство на шминка на лицето и природно распуштена коса (која сепак потесетува на стилот на Шакира).

Фотографиите нудејќи „поглед одблиску“ на новата избраничка на Пике, провоцираа и низа реакции на социјалните мрежи, а бројни обожаватели на поранешниот пар Пике – Шакира си дозволија да го коментираат изгледот на младата девојка.

Најчестите коментари се дека „Шакира е поубава од Клара“ но и дека Пике ќе „жали по поранешната“, но дека тогаш ќе биде доцна…

Што мислите вие?

Слични објави

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо

Естетиката на машкиот стил низ спојот на класиката и современите трендови во бутикот „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....