10:29 - 27 ноември, 2026

Сопругата на Дарко Лазиќ: „Тој веќе не е ист, никогаш нема целосно да се опоравиме од оваа загуба“

Сопругата на фолк-пејачот Дарко Лазиќ, Катарина Лазиќ, отворено проговори за болниот период низ кој поминува нивното семејство по смртта на братот на пејачот, Драган Лазиќ.

Во интервју за „Блиц“, Каќа призна дека загубата оставила длабока трага кај сите членови на семејството.

„Добро сум и сите се држиме. Ова е многу тежок период за сите нас и мислам дека никогаш нема целосно да се опоравиме. Останува лузна за цел живот“, изјави таа.

Таа се осврна и на критиките упатени кон Дарко затоа што релативно брзо се вратил на настапите по семејната трагедија.

„Пеењето е негова работа, исто како што некој секојдневно оди во канцеларија. Од тоа живее и го издржува семејството. Не му беше лесно повторно да запее, но децата му даваат сила. Свесен е дека остана единственото машко во куќата и мислам дека токму тоа му помогна да продолжи понатаму“, рече Каќа.

Според неа, трагедијата значително го променила пејачот.

„Тој повеќе не е истата личност. Ова е лузна што ќе ја носи целиот живот. Му се променија размислувањата и погледот кон животот. Го гледам тоа и дома и на сцената. Многу тешко му беше повторно да запее, но верувам дека силата ја најде во тоа што пееше за својот брат“, откри таа.

Каќа истакна дека во овие тешки моменти голема поддршка за Дарко биле и неговата поранешна сопруга Ana Sević и нејзиниот партнер Даниел.

„Ана и Даниел беа покрај Дарко и покрај сите нас во најтешките моменти. Нему многу му значи друштвото на Даниел и разговорите со него“, рече Каќа.

Таа зборуваше и за нивната ќерка Срна, која, како што вели, е најголемата сила и мотив да продолжат напред.

„Срна е весело и палаво дете, целосно на татко ѝ. Има слух, сака да пее и да ги забавува луѓето. Би ја поддржала доколку еден ден реши да се занимава со јавна професија – ако го наследи талентот од татко ѝ, а карактерот од мене“, изјави Каќа низ насмевка.

Покрај семејните обврски, таа откри дека повторно е активна на социјалните мрежи, работи на сопствен бренд поврзан со спорт и фитнес и се вклучува во хуманитарни активности, со желба да им помогне на што повеќе луѓе.

Слични објави

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо
Се вчитува....