21:44 - 6 ноември, 2026

Сообраќајната несреќа ја „воскресна“ љубовта меѓу Гога Секулиќ и бившиот сопруг: Урош не се одвојува од повредената пејачка

Гога Секулиќ пред неколку дена ја удри автомобил на пешачки премин во Белград. Пејачката по несреќата се огласи на социјалните мрежи каде изјави дека за среќа се спасила со полесни повреди.

Српските медиуми за првпат по разводот ги „фатија“ заедно, недалеку од станот на Гога. Пејачката пешачела и разговарала во друштво на бившиот сопруг, а потоа заедно влегле во автомобилот на пејачката и се упатиле кон центарот на градот.

Урош веднаш откако дознал за несреќата заминал во Белград да биде со Гога. Пејачката се чувствува добро по редовните прегледи, но сè уште се опоравува од траумата.

Да потсетиме, Гога пред две години се разведе од сопругот Урош Домановиќ, но поради детето остана во пријателски односи. Тие двајца секојдневно комуницираат, а често се гледаат кога Гога со синот оди во странство.

Слични објави

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....