20:02 - 6 ноември, 2026

„Фала ти што беше дел од нашите животи“: Багаја се прости од Бора Чорба со емотивни зборови

Момчило Бајагиќ Бајага и членовите на неговиот бенд му посветија некролог на Бора Ѓорѓевиќ во кој со емотивни зборови му се обрати на легендарниот музичар.

Бора Ѓорѓевиќ, познат и како Бора Чорба, почина во болница во Љубљана по петнаесетдневна борба за живот.

Многу јавни личности се простија од Бора, а музичарот Момчило Бајагиќ Бајага, кој своевремено соработуваше со Ѓорѓевиќ, во дневен весник му посвети некролог со неговиот бенд.

„На 4.9.2024 нè напушти нашиот сакан Борисав Ѓорѓевиќ, поет и рок мајстор… Драг наш Боро! Ти благодариме што беше дел од нашите животи, како пријател и деловен соработник. Секогаш ќе бидеш во нашите срца и сеќавања. Те сакаат: Бајага, Жика, Локнер, Гане, Киќо, Сале, Кузма, Чукиќ и Зеко“, пишува во некрологот.

Да потсетиме, Бора ќе биде погребан утре, 7 септември, на Централните гробишта во Чачак, погребот ќе биде во 14 часот и 30 минути, а опелото ќе започне во 14:00 часот.

Слични објави

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо
Се вчитува....