6.8 C
Скопје
08:12 - 1 април, 2026

СНУП ДОГ ОБВИНЕТ ЗА СИЛУВАЊЕ: Славниот рапер обвинет за сексуален напад врз соработничка

Анонимна жена го обвини Снуп Дог за силување, пренесува „Rolling Stone“.

Жена, која е идентификувана само како Џејн До, тврди дека на 29 мај 2013 година, присуствувала на еден од концертите на Снуп во Анахајм, Калифорнија. По шоуто, жената вели дека Дон Меџик Хуан, чие вистинско име е Доналд Кембел и е долгогодишен соработник на Снуп ѝ понудил да ја однесе дома. Таа вели дека заспала во автомобилот, а кога се разбудила не пристигнале во нејзиниот дом, туку во неговата резиденција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by snoopdogg (@snoopdogg)

Во тужбата се вели: „Тужителката била исцрпена и заспала во домот [на Кембел]“. Таа вели дека се разбудила во 4 часот наутро следното утро и Кембел „го извадил неговиот пенис од панталоните и го ставил во лицето на тужителката“ и „постојано го туркал неговиот пенис во устата на тужителката“.

Жената тврди дека Кембел подоцна барал да го следи во студио за снимање каде Снуп Дог наводно снимал за неговата ТВ серија. Откако ѝ се слошило таа влегла во бањата во студиото каде Снуп Дог неочекувано влегол, ја затворил вратата, ја фатил за рамо и ја натерал на орален секс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simple Math (@simplemathmatrix)

Таа потоа тврди дека отишла кај Снуп, но имала болки во стомакот, па отишла во тоалетот, а додека била на тоалетот, Снуп влегол внатре, „стоејќи со меѓуножјето во лицето на тужителот, додека тужителот вршел нужда на тоалетот“. Таа вели дека тој потоа ѝ присилил орален секс.

Набргу потоа, Бишоп ѝ рекол: „Дојди овде! Сликај се со Снуп!“ Таа вели дека се исплашила и ја направила фотографијата.

А потоа вели дека Снуп не би ја вработил бидејќи „одбила доброволно и ентузијастички да дава орален секс“.

Снуп Дог ја негира целата приказна, велејќи дека тоа е пакет лаги. Тој објави слика на својот Инстаграм, нарекувајќи ја „копачка на злато“. Извор кој го застапува раперот вели за „TMZ“ дека жената поднела тужба пред почеток на Супер бол викендов, бидејќи раперот треба да настапи на полувреме, надевајќи се на исплата. Жената барала 10 милиони долари.

Ова не е прва тужба за сексуален напад за Снуп Дог. Во 2003 година Кајли Бел го обвини него и дел од членовите на неговата екипа за сексуален напад, но откако раперот ја обвини за изнуда, таа ја повлече тужбата велејќи дека „заемно се спогодиле“.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....