11:01 - 4 ноември, 2026

Слоба Васиќ утре не ја напушта психијатриската установа: Пејачот останува поради смртен случај

По драмата што се случи на аеродромот пред летот за Цирих, српскиот пејач Слоба Васиќ и понатаму се наоѓа под стручен надзор, а новите информации за неговата состојба дополнително ја загрижија српската јавност, пишува „Србија данас“.

Пејачот Слоба Васиќ сè уште е на лекување во психијатриската установа „Специјална болница за психијатриски болести Д-р Лаза Лазаревиќ“, а според последните информации, неговото отпуштање од болницата засега не е можно.

Иако претходните денови се појавија шпекулации дека наскоро би можел да ја напушти клиниката, извор близок до ситуацијата тврди дека тоа нема да се случи во наредниот период.

– Докторката што го води имала смртен случај во семејството и нема да биде во клиниката некое време, а без нејзина согласност не можат да го пуштат, па затоа не се знае кога Слоба ќе излезе – рекол изворот за српски „Телеграф“.

Да потсетиме дека Слоба Васиќ неодамна доживеал непријатна ситуација на аеродромот, кога бил отстранет од летот за Цирих непосредно пред полетувањето, поради што реагирал и екипажот на авионот.

По интервенцијата на обезбедувањето, на пејачот му била укажана помош во „Военомедицинската академија“, од каде што потоа бил префрлен во машкото одделение на болницата „Лаза Лазаревиќ“, каде што се наоѓа под надзор на стручен тим.

Неговата сопруга Јелена, видливо потресена од целата ситуација, тогаш дала кратка изјава за српските медиуми.

– Не можам ништо да кажам. Немам сила. Не можам ништо да кажам. Тој засега е добро, жив и здрав – навела Јелена за споменатиот медиум.

 

 

Слични објави

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.

Естетиката на Југославија во 70-тите — предмети што будат силна носталгија за минатото време

E.A.

Хороскоп за 4 ноември: Ракови, не влегувајте во конфликти со оние кои имаат нешто против вас

Еспресо

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо
Се вчитува....