20.8 C
Скопје
04:34 - 22 август, 2026

Што ќе каже кралицата? Меган Маркл одлучила да не ги земе децата на јубилејот во Лондон

Се наближуваат прославите за платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета, коi ќе се одржува од 2 јуни до 6 јуни, односно полни 4 дена празнување.

И по разните гласини кои беа насочени кон внукот на кралицата Хари, сега се разгореа нови за неговата сопруга, Меган Маркл.

Имено, пристигнувањето на војводите од Сасекс во Лондон за јубилејот на кралицата за многумина е знак дека ќе биде „склучен“ конечно мир меѓу семејството. Познато е дека Хари има добри односи и со неговата баба, кралицата Елизабета Втора, и со неговиот татко, Чарлс, но се уште не се изгладени односите меѓу двајвцата браќа – Хари и принцот Вилијам. Меѓу другото, ниту една од двете сопруги не се обидува да направи чекор напред за да ја обнови врската меѓу двајцата браќа, секоја останувајќи молчеливо до својот сопруг.

Познато е и тоа дека кралицата сакала да ја искористи оваа прилика (доаѓањето на Меган и Хари во Лондон) да ја запознае малата Лилибет, второто дете на Хари и Меган, која сè уште не ја запознала, а која ќе наполни една година на 4-ти јуни.

Девојчето е инаку крстено по прекарот на кралицата.

Но новите вести, или гласини, велат дека „сега не е време да се запознаат прабабата и внуката“, односно дека Хари и Меган Маркл решиле во оваа прилика да не ги земат децата со нив во Лондон, па така Арчи и Лилибет ќе останат во Калифорнија.

Веќе има и такви кои мислат дека ова последица на тоа што војвотката од Сасекс сака да ѝ се освети на кралицата, и на некој начин да ја казни со тоа што ќе и го скрати задоволството да си ги види внуците, додека многумина очекуваа дека со поканата од страна на кралицата пристигнува и маслиново гранче за мир.

Но, ако се случи Хари и Меган навистина да не ги земат децата со себе, војната само ќе се продлабочи.

 

Слични објави

(Фото) Нивес Целзиус ја покажа мајка си – сите зборат дека изгледаат како близначки

Еспресо

Српската пејачка поседува имот вреден 800.000 евра – има луксузна вила и приватен бизнис од кој добро заработува

Еспресо

(Видео) Тесниот фустан ѝ ја најгласи совршената фигура – Емина Јаховиќ блесна на црвениот тепих во Сараево

Еспресо

Џина Џиновиќ ја напушти вилата на Сењак — Харис призна дека нема повеќе емоции

E.A.

Еден гест повторно ги разгоре гласините дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се повторно заедно

E.A.

(Фото) Активен пар — Стефанија Гаштарска и Амар Мециновиќ освоија уште пет врва на Шар Планина

Еспресо
Се вчитува....