3.8 C
Скопје
03:57 - 17 март, 2026

Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

netflix hbo

Како и секој претходен и иден петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

Chernobyl 1986 – Филм на „Netflix“

По обединувањето со изгубената љубов, пожарникарот Алексеј се повлекува од работните обврски за да започне нов живот – но катастрофата во Чернобил одеднаш го носи повторно во опасност.

Жанр: драма / IMDB оценка: 5.1 / Rotten tomatoes рејтинг: /

Des – Серија на „HBO“

На 9 февруари 1983 година, главниот инспектор – детектив Питер Џеј е повикан на една адреса во Северен Лондон, каде што открива одводи запушени со гнило месо и коски. Кога виновникот, Денис Нилсен, признава дека не се само едно или две тела случајот станува уште покомплициран… Додека полицијата се обидува да го расчисти случајот и да ги идентификува жртвите, биографот Брајан Мастерс започнува шаховска игра со Дес во обид да ги разбере неговите мотиви.

Жанр: криминалистичка драма / IMDB оценка: 7.7 / Rotten tomatoes рејтинг: 89%

Atypical – Серија на „Netflix“

Оваа срдечна комедија го следи Сем, тинејџер со дијагностициран аутизам, кој одлучува дека е подготвен за романса. Но, за да ја најде љубовта, Сем мора да биде понезависен, што исто така ја става неговата мајка на предизвикувачки пат кој го менува животот. Таа и остатокот од семејството на Сем, мора да се приспособат на промената.

Жанр: комедија/драма / IMDB оценка: 8.3 / Rotten tomatoes рејтинг: 87%

Wig – Филм на „HBO“

Годишниот дрег фестивал познат како „Wigstock“ прикажува разни личности и перформанси кои го обликуваат дрег идентитетот и заедницата. Приказ на личностите и перформансите што влијаат на начинот на кој луѓето разбираат што е квир, уметност и идентитетот во денешниот свет. Филмот ги спојува денешните снимки со архивски снимки од претходните изданија на фестивалот и домашни видеа. Го прикажува патувањето на дрег кое од тајност стана дел од мејнстрим поп културата.

Жанр: документарен филм/ IMDB оценка: 6.9 / Rotten tomatoes рејтинг: /

Извор: Слободен Печат

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....