21.8 C
Скопје
09:57 - 12 септември, 2026

Шокантен потег на Душко Тошиќ! Ѝ пееше на Карлеуша, а сега ја изостави од сите фотографии на Инстаграм

Гала-прославата на родендените на Атина и Ника Тошиќ и понатаму е тема во српските медиуми, а сега внимание привлече потегот на нивниот татко, поранешниот фудбалер Душко Тошиќ.

Иако на прославата тој и неговата поранешна сопруга Јелена Карлеуша имаа неколку емотивни моменти пред гостите и медиумите, Тошиќ подоцна објави серија фотографии од вечерта на кои Карлеуша не се појавува ниту еднаш.

Овој детаљ особено привлече внимание бидејќи Душко за време на прославата јавно ѝ се заблагодари на Јелена што му родила „две принцези“, по што пејачката пријателски го бакна во образ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dusko Tosic (@duskotosic)

Тој во еден момент ѝ ја пееше и песната „Šta će ti pevačica“, а поранешните сопружници заедно позираа со своите ќерки пред новинарите.

Сепак, кога дојде време Душко да ги сподели своите моменти од прославата на социјалните мрежи, од фотографиите целосно ја изостави поранешната сопруга.

Карлеуша, пак, таа вечер емотивно зборуваше за нивното семејство и истакна дека, и покрај разводот, Душко останал исклучително посветен татко на нивните две ќерки.

Слични објави

(Фото) „Таа секогаш ќе биде моето прво дете“: Елена Ристеска за посебната врска со внуката Делфина

Еспресо

Хороскоп за 12 септември: Биковите ќе имаат искрен разговор со партнерот, Лавовите ќе имаат можност за напредок на работното место

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ и Тигар во страсни моменти на плажа: Разменуваа бакнежи додека сонцето заоѓаше

Еспресо

„Веќе 15 години немам таков луксуз да поканам некого на кафе“: Емина Јаховиќ за животот во странство

Еспресо

Три хороскопски знаци кои знаат да го скршат мразот во љубовниот однос

Еспресо

Драгана Мирковиќ разочарана од поранешниот сопруг: „Тони не сакаше да даде пари, рече дека тоа е моја одлука“

E.A.
Се вчитува....