20:43 - 12 ноември, 2026

(Фото) „Таа секогаш ќе биде моето прво дете“: Елена Ристеска за посебната врска со внуката Делфина

Пејачката Елена Ристеска ужива во семеен одмор во Грција со сестра ѝ Драгица и внуката Делфина. Таа објави заедничка фотографија од летувањето, на која трите позираат насмеани.

„Овие две и еден совршен одмор“, напиша Ристеска покрај фотографијата, означувајќи ги Драгица и Делфина.


Елена е многу блиска со сестра ѝ и со внуката, за која во повеќе наврати има кажано дека ја чувствува како свое дете. Минатата година, за 11. роденден на Делфина, таа повторно ја нарече „мојата внука-мое дете“.

Особено емотивно за нејзиното раѓање Ристеска зборуваше во интервју за „Бекстејџ“ во 2019 година. Со солзи во очите раскажа дека бременоста на сестра ѝ Драгица била ризична и дека Делфина се родила предвреме, во седмиот месец.

„Кога ќе се осврнам кон минатото, единственото нешто што ме погодило биле трагедиите што ми се случиле. Мојата внука се роди предвремено, се роди буквално во седмиот месец од бременоста, кој беше доста ризичен и за неа и за сестра ми, и само тоа може да ме погоди“, раскажа тогаш Ристеска.

Низ годините пејачката често ја покажува силната приврзаност кон Делфина. Во една од роденденските честитки напиша дека понекогаш се чувствува како самата да ја родила и дека, без оглед колку деца ќе има во иднина, Делфина секогаш ќе биде нејзиното „прво дете“.

Ристеска е блиска и со својата постара сестра Драгица, која е ликовен уметник. Токму Драгица била единствената од семејството која знаела дека Елена се пријавила на аудицијата на „М2“, од каде што почна нејзината професионална музичка кариера.

Слични објави

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо

„Не можев да посакам подобро“: Ела Дворник објави снимка со својата ќерка и откри убави вести

Еспресо
Се вчитува....