10:09 - 2 април, 2026

Шерон Стоун призна зошто се соблекла гола за „Плејбој“ (ФОТО)

Актерката Шерон Стоун позираше за списанието „Плејбој“ како дел од нејзината стратегија за кариера, откри во неодамнешното интервју со колешката Дру Баримор.

Стоун позирала за списанието со цел да обезбеди улога во „Ниски страсти“, филм што ја лансираше нејзината кариера и ја направи секс симбол на Холивуд. Таа во интервјуто изјави дека е „личност со логика и стратегија“.

– Кога сфатив дека сакам да глумам во тој филм, решив да се фотографирам за „Плејбој “, а тоа беше насочено, со цел да добијам улога, рече актерката.

Таа се присети на славата што ја стекна речиси преку ноќ по овој трилер во 1992 година, но нагласува дека не очекувала во толкава мера.

– Само што мислев дека тоа е вистинската улога за мене и знаев дека морам да ја добијам. Но, не знаев дека толку слава ќе ми донесе, нагласува Стоун.

Во истото интервју, Стоун зборува за нејзините години и за тоа како успева да изгледа младо во шеесеттите години.

– Кога влегов во 40-тите години, мислев дека ќе остарам, но сфатив дека сакам да контролирам како ќе остарам, рече актерката и додаде дека сакала да „остари како танчерка“. Отсекогаш мислев дека танчерите се убаво стари, па затоа почнав да се однесувам кон моето тело како да танцува за да го постигнам тој изглед, рече актерката.

Слични објави

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски едвај се спасил

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо
Се вчитува....