04:58 - 18 јануари, 2026

Шерон Стоун: „Имав 9 абортуси, не е фер да ги оставиме жените сами во нивните маки“

Дивата открива болен дел од својот живот. Таа упатува прецизни обвинувања во коментар на Инстаграм: „Тоа е нешто страшно со кое мораме да се соочиме и да издржиме сами и тајно, а и со одредено чувство на неуспех“.

Жените се сами во трагедијата на абортусот. Ова е мислењето кое Шерон Стоун, која девет пати ја загубила шансата да стане мајка поради природни (спонтани) абортуси, го упати во коментар на објавата на Инстаграм на магазинот People, во која се гледа драмата на Пета Мургатројд, танчерка на Dancing With The Stars, која изгубила дете додека нејзиниот сопруг Макс Чмерковски, исто така танчер, бил во родната Украина.

„Нам жените ни недостасува форум на кој ќе разговараме за длабочината на оваа загуба“, напиша ѕвездата на „Основен инстинкт“ во коментарот:

„Изгубив девет деца поради спонтани абортуси. Тоа не е тривијална работа, ниту на физички, ниту на психолошки план. Сепак, останува нешто со кое мораме да се соочиме и да го издржиме сами и тајно, па дури и со одредено чувство на неуспех, наместо да го добиеме целото сочувство, емпатија и грижа што ни требаат“.

За сето ова има многу специфични одговорности, според Шерон Стоун:

„Здравјето и благосостојбата на жените се препуштени на грижата на машката идеологија која во најдобар случај е несовесна, неука за фактите и насилно угнетувачка во напорите“.

Актерката, која во својата автобиографија „Убавината на живеењето двапати“ веќе раскажала дека поминала низ тегобноста на абортусите,  а веќе зборувала на оваа тема лани и за Би-би-сипофалувајќи го „глобалното сестринство“ кое ни овозможува да ја споделиме оваа болка со оние кои веќе ја доживеале.

Денес Шерон Стоун има три деца, сите три се посвоени: Роан, 22, Лерд, 16 и Квин, 15. Апликацијата на Роан за посвојување, откри таа, ја поднела додека се враќала дома од болница по вториот абортус.

Слични објави

„Моќни мажи се обидуваа да ме злоставуваат“: Исповедта на Нина Бадриќ за агонијата низ која минувала

Еспресо

Вистината за најголемиот хит на Индира Радиќ: Митот што со години ја следи песната „Змај“

Еспресо

(Видео) Жежок танц: Теодора Џехверовиќ замеша со колковите и го „запали“ интернетот

Еспресо

Драмата со Реља и Николија не стивнува! Другарка на наводната швалерка на музичарот изнесе шокантни детали

Еспресо

(Видео) Анастасија и Гудељ разменуваат нежности во кафеана: Тој цврсто ја прегрнува, заљубени како првиот ден

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јануари: Потребна ви е добра организација

apostolova
Се вчитува....