3.8 C
Скопје
23:22 - 10 март, 2026

Шер: Стареењето воопшто не е забавно, буквално го мразам

„Го мразам! Што, би требало да кажам дека ми се допаѓа? Не, не ми се допаѓа. Секоја искрена жена ќе каже дека тоа не е воопшто забавно“, одговори 74-годишната Шер на прашањето за стареењето во интервјуто за „The Guardian”.

Поп иконата се присетува како некогаш знаела да настапува и по два пати во текот на ноќта, а потоа да излезе и да танцува цела ноќ. Одморот сега и е подрага опција, а постои и уште една причина зошто повеќе не сака да излегува.

„Денес сите имаат камера и повеќе не е сигурно. Луѓето ве прогонуваат и не знаете дали ќе ве убијат или ќе ве фотографираат. За што и да се работи, не ми се допаѓа тоа“, изјави пејачката.

Запрашана дали естетската хирургија и помогнала да ја продолжи кариерата, Шер вели дека никој не плаќа за да би гледал во некого.

„Морате нешто да испорачате“, вели таа и додава дека нејзиниот глас звучи подобро од кога било претходно.

„Освен тоа, цел живот работам на одржувањето на силно тело. Имате 20-годишни девојчиња кои не можат да го направат тоа што можам јас“, истакна Шер.

Шер оваа година во Лас Вегас имаше распродадена резиденција, но настапите поради пандемијата на коронавирусот се откажани.

И покрај тоа таа е зафатена повеќе од било кога, таа снима нови песни, помага во спасувањето на слоновите, а годината ја обележа и како политички и општествен активист.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....