13:17 - 27 ноември, 2026

Северина: Порно филмот ми го одбележа почетокот на триесеттите, најлошо ми беше како ќе реагираат моите соученици

Во новото интервју за „Глорија“, хрватската пејачка Северина Вучковиќ, меѓу другото, истакна дека нејзините триесетти години ги одбележал нејзиниот порно филм, а открила што прво мислела тогаш.

Пејачката во интервјуто зборуваше на повеќе теми, но најмногу внимание привлече прашањето за нејзините триесетти.

„Почетокот на моите триесетти го одбележа филмот. Најлошо ми беше тогаш како ќе реагираат моите соученици од средно, како ќе изреагираат моите професори. Дури подоцна помислив на мајка ми бидејќи секогаш се претпоставува дека мајка ти е со тебе затоа што те познава“, признала Северина.

Таа потоа одговори на уште неколку интересни прашања. На прашањето како е можно уште да не се родила „новата Северина“, таа рече дека тоа никому не би го посакала.

„Навистина не сакам никој да биде новата Северина. Едноставно, сакам сите девојки да сакаат да бидат доктори на науки, учителки, библиотекарки, поети и писатели. Но, не Северина, тоа е тешко училиште“, рече таа.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....