0.8 C
Скопје
08:49 - 18 декември, 2024

Се подготвувате за свадба? Проследете ги советите од нашата флористката Ане Блу

Свадбените прослави се во полн ек, а нивната подготовка бара многу време и внимание, притоа секој детаљ е важен. Кога сме кај деталите, за да изгледа една свадбена прослава магично, главниот збор го имаат флористите.

 Фото: Приватна архива/ Ane Blue Flowers

Нашата денешна соговорничка е Ане Блу, професионален флорист и креатор на цветната онлајн галерија и шоп „Ane Blue Flowers“.

Фото: Приватна архива/ Ane Blue Flowers

Колку време се занимавате со флористика?

– Флористиката како еден вид декоративна и применета уметност е моја љубов цели 15 години. Секој ден е нов предизвик, а секое создавање еден цветен аранжман е нова приказна. Едукацијата нема крај, учите секој ден нешто ново, разменувате знаење и креативни идеи со прекрасни професионалци, како и клиенти што ги доверуваат своите посебни желби во ваши раце.

Фото: Приватна архива/ Ane Blue Flowers

Веруваме дека ова е најтешкото прашање за еден флорист, но побаравме од Ане да ни открие кое е нејзиното омилено цвеќе.

– Моето омилено цвеќе е хортензија, особено сината. Секогаш ми е посебен предизвик да работам со неа, иако не секогаш е прв избор на клиентите, пред сè, поради специфичниот изглед на самиот цвет.

Фото: Приватна архива/ Ane Blue Flowers

Кои се желбите на младенците, што е во тренд во моментот и кои се Вашите препораки?

– Изборот на цвеќе што преовладува во креирањето на еден свадбен декор и другите елементи на една свадбена прослава е белата роза. Нејзината елеганција ја прави сигурен и непогрешлив избор идните младенци да ја одберат како доминантен декоративен елемент за нивниот најсреќен ден.

Фото: Приватна архива/ Ane Blue Flowers

Иако белата роза е најчестиот избор кога станува збор за креирањето на бидермаерот, слободно можам да кажам дека во последно време изборот на невестите знае да биде особено храбар.

Фото: Приватна архива/ Ane Blue Flowers

– Влијанието на светските трендови, активното следење на светската мода како и верувањето во нас како професионалници во својата работа резултира со креирање на најразлични форми на најпосакуваниот цветен букет – бидермаерот. Комбинација на повеќе видови цвеќе, невообичаените форми и големини, како и смели комбинации на бои и многу необични детали.

Фото: Приватна архива/ Ane Blue Flowers

– Пред десет години кај беше незамисливо да се користат божури, хортензии или хризантеми како дел од една свадбена креација бидејќи беа цветови кои ги красеа исклучиво дворовите. Холандските рози се сметаа како единствен избор за свадбената прослава да изгледа достојно и луксузно.

Фото: Приватна архива/ Ane Blue Flowers

Еден од трендовите што е актуелен на социјалните мрежи се бидермаерите и декорациите во бохо стил. Раскажете ни малку повеќе за овој тренд.

– Токму така, во последните неколку години бохо стилот доминира и меѓу декорирањето на свадбените прослави. Посебно уживање и слобода во креирањето се чувствува кога создавате еден бохо бидермаер, китенки или комплетен декор за една свадбена прослава.

Фото: Приватна архива/ Ane Blue Flowers

– Доминацијата на триесет пастелни бохо тонови дава посебно доза на смиреност и неверојатен спој на свежото цвеќе со елементи на суво цвеќе и додатоци

Фото: Приватна архива/ Ane Blue Flowers

– Покрај бохо стилот, особено интересен е сукулент стилот, кој се јавува како дел во креирањето на деталите на една свадбена прослава. Имав можност да креирам еден необичен бидермаер, кој беше комплетно изработен од повеќе типови сукуленти чиј корен беше комплетно зачуван и внимателно аранжиран. По свадбената прослава невестата или девојката што ќе го добие овој тип бидермаер може да ужива во неговата убавина неограничено доколку секое коренче соодветно го засади и се грижи за него.

Фото: Приватна архива/ Ane Blue Flowers

Свадбените подготовки може да бидат многу стресни како за младенците така и за нивните семејства. Кои се советите од ваша страна како професионален флорист како да се намали тој стрес особено околу делот за декорација кој е многу значаен дел од целата прослава?

– Подготовките за свадбените прослави од радост и уживање за многу кратко време може да преминат во стрес и солзи. Моите совети за сите идни младенци пред да започнат со планирање на нивниот најсреќен ден е да се концентрираат на најважното нешто, а тоа е нивната љубов што ќе имаат можност да ја прославата со своите најсакани.

Фото: Приватна архива/ Ane Blue Flowers

– Другите детали без двоумење комплетно нека ги препуштат на професионалците кои ќе се погрижат за сите сегменти една свадбена прослава да изгледа совршено. Секогаш искрено да се изјаснат кои се нивните замисли и желби, кој е буџетот со кој располагаат и секако навременото планирање секогаш остава простор за корекции и промени што нема да создадат стрес кај младенците и кај нивните семејства.

Дали сè уште се почитува традиционалното китење на домот на невестата и секако на младоженецот и кој дел од домот треба да биде украсен како што налага традицијата?

– Според мене, најубавиот и најзначајниот дел кога станува збор за овој тип декорации е свадбениот венец, кој треба да ја краси влезната врата на домот на невестата и младоженецот.

Фото: Приватна архива/ Ane Blue Flowers

– Цветен венец што симболизира, радост, љубов и среќа што тој дом сака да ја сподели со сите што ќе поминат низ таа врата.

Некогаш одлуката за совршениот бидермаер знае да биде тешка. Кога една невеста е неодлучна и ќе Ви се обрати за помош, кои се Вашите совети и предлози?

– Мој совет за сите идни невести пред изборот на типот на цвеќе да го одберат обликот на бидермаерот кој им се допаѓа и бојата која сакаат да доминира, а потоа со полна доверба кон флористот за нивниот најсреќен ден ќе добијат бидермаер поубав и од нивните замисли.

Фото: Приватна архива/ Ane Blue Flowers

– Искуството на еден флорист ќе резултира со бидермаер кој ќе содржи спој на цвеќиња кои на прв поглед се неспоива комбинација, но со правилна техника на аранжирање може да бидат вистинската комбинација. Желбата на клиентката е основната водилка и инспирација во целата креација.

Слични објави

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova

(Фото) Адријана Лима се омажи: Mанекенката ја објави радосната вест и ги покажа бурмите

Еспресо

(Фото) Јубилеен 60. роденден: Маријана и Росана прославија на различни континенти!

Еспресо

(Фото) Погледнете како изгледа синот на Зорица Брунцлик: Првото дете го родила на само 18 години, а пред Кемиша ги бакнувала овие познати музичари!

Еспресо

Саша Ковачевиќ со секси мускули: Поради тоа како изгледа во новите спотови, никој не ни обрнува внимание на песните

Еспресо

Милица Тодоровиќ ги откри мрачните тајни на шоу-бизнисот: На естрадата не се знае кој повеќе се дрогира

Еспресо
Се вчитува....