Манекенката Кендал Џенер (24) не се срами да позира во долна облека, ниту пак тоа да го објави на социјалните мрежи.
Овојпат, згодната манекенка се сликаше потполно гола, а телото го покри со скапоцени чанти и кутии со марка Луј Витон.
Меѓутоа, Кендал не се фали со тие чанти, туку им ги дели на своите обожаватели.
Манекенката направи наградна игра, со цел нејзините следбеници да имаат исти чанти како неа.
За само неколку часа Кендал собра повеќе од 70.000 коментари на оваа фотографија.
Инаку, Кендал повторно е во љубов, односно се чини дека Џенер и НБА кошаркарот Бен Симонс ја обновиле својата романса.
Токму Кендал, за разлика од другите сестри на кланот Џенер-Кардашијан, е таа која најмногу го крие љубовниот живот од очите на јавноста.
Џенер и Симонс неколку пати ја прекинуваа врската поради премногу обврски со работата, но се чини дека и натаму не се откажуваат еден од друг.