16:37 - 7 април, 2026

Сара Полсон ѝ го честиташе 78-от роденден на својата партнерка: Ти си ми сè

Instagram

Од самиот почеток на нивната врска, тие беа мета на критики и осудувања. Иако живееме во навидум модерно време, тие беа осудувани затоа што станува збор за хомосексуална врска, а потоа и дека меѓу нив има разлика од 32 години.

Но, холивудските актерки се чини никогаш не се вознемирија за негативните коментари по повод нивната среќа. Напротив, како од ден на ден нивната љубов да станува се посилна.

Instagram
Instagram

Сара Полсон пред некој ден уште еднаш го потврди ова и со прекрасна честитка ѝ посака среќен роденден на својата сакана Холанд Тејлор.

По повод 78-от роденден на нејзината партнерка, холивудската актерка реши да го искористи својот инстаграм-профил за да сподели со целиот свет колку е среќна со Тејлор.

Instagram
Instagram

Сите патишта ме водат кон ова лице, тие очи, таа душал. Ти, едноставно ми значиш најмногу од сè. Ќе те чувам, дете. Денес. Утре. Засекогаш. (Ако не ти се допаѓа оваа фотографија ти си идиот, затоа немој да се лутиш кога ќе ја видиш. Јас дури и ја направив црно-бела, затоа што така повеќе ти се допаѓа. Значи, шшшшшш. Ова е совршена фотографија на една совршена личност) Среќен роденден мила“, напиша актерката.

Под нејзината честитка, на нејзините желби и се придружија и дел од познатите личности како Дебра Месинг, Криси Мец и Мишел Фајфер, како и многубројни обожаватели.

Instagram
Instagram

Сара Полсон и Холанд Тејлор ја започнаа својата врска на почетокот на 2015 година, но пред јавноста официјално ја потврдија во март 2016 година.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо

(Фото) Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со синот Богдан: Го напуштија Белград, еве каде уживаат сега

Еспресо
Се вчитува....