Кристина Димитриевска, поранешната сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски уште пред да се омажи важеше за една од најубавите манекенки во нашата земја.
За жал откако заплива во брачните води таа реши да ја стави кариерата во мирување и да се посвети на брачниот и семеен живот.
Но, животот е непредвидлив. По три години брак Даниел и Кристина се разведоа и секој од нив продолжи по својот пат.
Атрактивната тетовчанка е повторно активна на социјалните мрежи каде објавува фотографии и видеа од себе, а од пред неколку недели таа откри дека наскоро ќе се проба и како пејачка на музичката сцена.
Погледнете како таа изгледа денес: