14:46 - 2 февруари, 2026

Револуционерниот омот на „Бјело дугме“: Девојката со голите гради добила шлаканица од момчето (ФОТО)

Пред 45 години групата „Бјело дугме“ го објавила првиот студиски албум „Кад бих био бјело дугме“. Несекојдневниот омот за плочата во бивша Југославија привлекол големо внимание.

Сараевскиот сликар Драган Стефановиќ бил еден од првите дизајнери на омоти на просторите на поранешна Југославија. Првиот проект бил „озлоглосаниот“ омот за првиот албум на популарната југословенска рок група.

Стефановиќ му бил пријател од детството на Горан Бреговиќ. На почетокот од седумдесеттите години го ангажирале групите „Амбасадори“ и „Индекси“, а подоцна станал познат по револуционерниот омот на кој има женски гради.

Според приказните, постарите белграѓани масовно влегувале во белградската книжарница „Култура“ каде што се продавала плочата и негодувале кај продавачите со зборовите:

„Каква култура ви е ова во излогот?“

Во неколку интервјуа Стефановиќ ја прераскажувал анегдотата за момчето на девојката од омотот, кој го бркал низ радио Сараево, а потоа го извадил надвор и го прашал дали ја познава неговата девојка и дали е вистина дека таа е на сликата. Бидејќи Стефановиќ му одговорил дека таа е на сликата, момчето ѝ удрило шлаканица, му се заблагодарило на Стефановиќ и си отишол.

Сеопштото лудило само го поттикнало Стефановиќ да продолжи со дизајнирање, па продолжил со соработка со Корни групата за албумот „Мртво море“.

Image result for mrtvo more korni grupa

Стефановиќ бил доследен во еротизација на албумите работејќи ги во манир на поп арт или сликарски детали.

Голем успех постигнал и со вториот омот за „Бјело дугме“, „Шта би дао на мом месту“, на кој имало женски задник, додека омотот за „Битанга и принцеза“, кој требало да претставува удар на женска нога со штикла во меѓуножјето на маж во бело одело – бил цензуриран од страна на „Југотон“.

Слични објави

(Фото) Карлеуша по скандалот со Душко: Еве кој ѝ е најголема поддршка!

apostolova

Естраден фризер проговори за најлошите фризури на познатите: „Метла на глава не е стил“

Еспресо

„Влегував од врска во врска“: Рада Манојловиќ се потсети на сите љубови од „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

Неверојатно: Верица Шерифовиќ откри колкава ѝ е пензијата по 39 години работа

Е.А.

(Фото) Жената на Никола Роквиќ се соблече во бикини и ги воодушеви сите: Бојана Баровиќ има тело на божица!

Еспресо

„Ништо од свадбата!“ Рада Манојловиќ за помирувањето со Милан, призна како нејзиното ново момче реагира на Станковиќ

Еспресо
Се вчитува....