10:30 - 31 октомври, 2026

(Фото) Редок семеен момент — Маријана и Росана го прославија 89. роденден на нивниот татко

Македонската пејачка Маријана Новачевска со емотивна порака му го честиташе 89. роденден на својот татко Томислав Сариќ, а по тој повод на социјалните мрежи сподели и три семејни фотографии од роденденската прослава.

„Бројката 89 е големка и уште толку многу да си ни здрав, жив, татичко наш. Среќен роденден, Томчико наш“, напиша Маријана во објавата.


На фотографиите се гледаат Маријана и нејзината сестра Росана Сариќ-Тодоровска покрај својот татко, како и нивните родители, Томислав и Гордана Сариќ. На семејната прослава присуствувал и актерот Ѓорѓи Тодоровски – Трупче, сопруг на Росана, кој со наздравување му го честитал роденденот на својот тест.

Маријана и Росана својата музичка кариера ја започнаа како дуетот „Маријана и Росана“, кој остави препознатлив белег на македонската музичка сцена. По преселбата на Маријана во Австралија, Росана продолжи како соло изведувач и изгради успешна кариера во македонската фолк-музика.

Слични објави

Греено вино за студените есенски вечери — едноставен рецепт што ќе ви го стопли домот

К.С.

Слоба Радановиќ ги прозва колегите: „Не ги пеат моите песни бидејќи им се тешки, подобро да не се мачат“

Е.А.

Хороскоп за 31 октомври: Ракови, ќе се посветите на семејните проекти

Еспресо

Ѓоле Ѓогани искрено за бракот и имотот: „Се плашам повторно да не се разведам“

E.A.

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо
Се вчитува....