11:28 - 14 мај, 2026

Ребел Вилсон со импресивна физичка трансформација: Беше крајно време да се посветам на моето здравје

Instagram

Познатата актерка Ребел Вилсон ја паметиме по улоги од многу комедии како „How To Be Single“, „The Hustle“ или „Isn’t It Romantic“ во кои успешно ја смееше публиката до солзи. Но, покрај успешната кариера, Вилсон низ годините се бореше со вишокот килограми, а минатата година ги изненади сите со својата неворојатна преобразба.

Симпатичната актерка и комичарка вели дека успеала да изгуби 18 килограми само со напорен тренинг и здрава исхрана, а нејзиниот нов изглед ги остави без здив нејзините пријатели и обожаватели. Австралиската ѕвезда решила да направи голем пресврт во својот живот.

Последните четири години живеам со одредени мисии. Минатата година ја „потрошив“ на забава, претходната на љубов, и сега решив да имам година на здравје. Сфатив дека ќе наполнам 40 години и дека е крајно време да се посветам на моето здравје, кое очигледно беше занемарено. Тоа се покажуваше во мојот изглед“, објасни Ребел Вилсон во емисијата на Дру Баримор.

Instagram
Instagram

Актерката без двоумење изјави дека во минатото јадела многу нездраво и воопшто немала никаква физичка активност.

Мислам дека всушност страдам од емоционално прејадување. Секогаш кога сум под стрес, посегнувам по крофна, така се справувам со проблемите“, еднаш изјави Ребел.

Така одеднаш одлучила да си постави своја цел, и успеа во својата намера, а резултатот е навистина импресивен.

Instagram
Instagram

Славната комичарка се пофали со витката фигура облечена во спортска облека, а нејзините многубројни обожаватели на социјалната мрежа „Инстаграм“ беа воодушевени од нејзиниот изглед.

Тајната на нејзиниот изглед вели дека е во специјална диета наречена „Mayr“ смислена уште пред 100 години, која се базира на многу едноставна теорија за „паметна“ консумација на храна и исфрлање на нездравата храна која не користи за здравјето.

Instagram
Instagram

Луѓето кои го користат овој метод мора да го џвакаат секој залак 40 до 60 пати, бидејќи, според приврзаниците на овој метод на јадење, тоа го стимулира варењето на храната и избегнуваат да јадат со вклучен тв или мобилен телефон со цел што повеќе да се фокусираат на храната.

Ребел од своето мени ги елиминирала грицките, нездравата храна, кофеинот, шеќерот и преработената храна, а го намалила и внесот на глутен и млечни производи. Сега јаде што повеќе овошје, зеленчук и мешунки…

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Вечерва се одржува второто полуфинале на Евровизија: Според обложувалниците, Данска е најголем фаворит за влез во финалето

Т.Ц.

Мис Бугарија и капитенот на Левски го очекуваат своето второ дете — по големата трагедија, семејството сподели среќна вест

Е.А.

Атина и Ника го украдоа шоуто — Душко Тошиќ го следеше финалето на Купот на Србија со наследничките 

Е.А.

За неа летото веќе започна — Ана Ивановиќ ги „подгреа“ социјалните мрежи со нови фотографии

Е.А.

Снимањето на серијата за Марина Туцаковиќ започна во тајност – познато е кој ќе го игра ликот на легендарната авторка

Еспресо

За Македонката Милена од Неготино пееше цел регион – нејзината средба со Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“ е преточена во најубавите стихови

Т.Ц.
Се вчитува....