14:45 - 2 април, 2026

(Видео) Прво појавување како принц и принцеза од Велс: Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон го посетија Сандрингам; емотивна реакција на девојченце која ќе ве трогне

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон го посетија Сандрингам, едно од омилените места на починатата кралица Елизабета Втора (каде често ги поминуваше деновите за одмор), за да разговараат со народот кој се собра да ѝ оддаде почит на кралицата.

Ова е прво издание на сопружниците со новиот статус – принц и принцеза од Велс. Потсетуваме, кралот Чарлс Трети минатата недела го прогласи својот син за принц од Велс и наследник на тронот.

Како што вели Вилијам, „наредните денови ќе бидат многу тешки“ (во понеделник, 19 септември, ќе се одржи погребот на кралицата Елизабета Втора во Велика Британија). Кејт додава дека се многу благодарни на сите што дошле да оддадат чест на споменот на кралицата.

Уште еден трогателен момент го привлече вниманието: Кејт Мидлтон од толпата изведе 8-годишно девојче по име Елизабет(а), кое пристигнало на големиот настан со своите училишни другарчиња. Заедно со неа, таа се приближи до споменикот и ѝ предложи да избере место кадешто ќе го стави букетот цвеќе и кадифена играчка – корги (омилена раса кучиња на кралицата, н.з). Враќајќи се меѓу децата, девојчето заплака од многу емоции.

 

 

Слични објави

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо
Се вчитува....