16:56 - 5 декември, 2025

Прво огласување на Милица Тодоровиќ по објавата дека е бремена: Фотографијата предизвика бура од реакции!

Популарната српска пејачка Милица Тодоровиќ ја израдува јавноста со првата фотографија по објавата дека очекува бебе.

Сликата, објавена на нејзиниот инстаграм-профил, предизвика вистинска бура на социјалните мрежи и за само неколку часа собра илјадници допаѓања и стотици честитки.

На фотографијата, пејачката блеска во елегантен црн фустан, со препознатливата насмевка која оддава среќа и исполнетост.

Меѓу првите кои ѝ упатија пораки со љубов и поддршка беа колешките Славица Ќуктераш, Јелена Брочиќ, Калиопи, како и пејачот Газда Паја.

Фото: Инстаграм/Милица Тодоровиќ

Победничката на втората сезона на „Ѕвездите на Гранд“ веќе неколку месеци е во врска со партнер кој не е од јавниот живот. Љубовната приказна, како што откриваат блиски до парот, започнала како љубов на прв поглед, а емоциите брзо се развиле во силна врска. Поради тоа, двајцата одлучиле да го направат следниот чекор и да основаат семејство.

„Милица ужива покрај своето момче. Тој е многу внимателен и нежен, што отсекогаш го посакувала од партнер. Од моментот кога дознаа дека ќе станат родители, е постојано покрај неа. Иако таа е јавна личност, а тој не сака медиумска експонираност, тоа воопшто не им пречи“, велат извори блиски до пејачката.

Иако важи за една од најбараните пејачки во регионот, Тодоровиќ решила да се повлече од настапите и целосно да се посвети на бременоста, на бебето и на својот партнер. Во овој период, вели таа, единствено сака мир, одмор и уживање во „најубавите денови од животот“.

Во неодамнешно гостување во поткастот на „Екстра ФМ“, пејачката откри дека нема намера да прави традиционална свадба, и покрај тоа што нејзината мајка Јасмина има поинакво мислење.

„Не ми е важно каде ќе биде венчавката, само да не е традиционално. Сакам да се веселам, без обврски кон стотици гости. Мама ми вели: ‘Како, сине, мора тоа малку…’, а јас ѝ одговарам: ‘Ќе бидеш поканета на Сејшели’“, изјави пејачката низ насмевка.

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....