8.8 C
Скопје
16:44 - 27 октомври, 2026

Хороскоп за 10 август: Стрелците ќе имаат љубовна авантура, Јарците ги очекува финансиски успех

Овен

Овни, нестабилната финансиска ситуација може да ви ги наруши плановите. За среќа, успешно ќе го решите проблемот на тимско ниво. Оние Овни кои се во врска денеска ќе бидат на работ на радикална одлука. Постои и можност за раскинување. Внимавајте на благосостојбата, ќе бидете изложени на голем стрес.

Бик

Пократко службено патување ќе помине во знакот на успехот. Успешната соработка може да ви донесе значителни финансиски придобивки. Запознавањето со многу привлечна личност може да ги разниша вашите чувства. Размислете двапати пред да се впуштите во тој однос.

Близнаци

Деловен состанок може да ви донесе напнатост и конфликтни ставови со претпоставените. Можеби ќе се најдете пред радикални одлуки. Голема е можноста да влезете во тајна врска со личност која ја познавате преку работа. Време е за мала авантура, добро ќе ви дојде.

Рак

Ракови, денеска акцентот ви биде целосно ставен на финансиите. Вашите мудри деловни потези ќе ги покажат првите позитивни резултати. Во семејството може да се појават конфликтни ставови и видувања за важни егзистенцијални прашања. Можна е жестока расправија.

Лав

И покрај тешкиот договор со уште потешкиот и понефлексибилен деловен соработник, успешно ќе дојдете до решение. Ќе имате одлична финансиска состојба. Слободните Лавови ги очекува многу возбудлива љубовна авантура со шармантна личност во знакот Вага.

Девица

Денеска ве очекува одлична финансиска состојба. Доколку се занимавате со креативна работа, ќе ве очекува популарност. Девиците кои се во брак денес може да имаат конфликт со партнерот. Станува збор за незадоволство кое долго време се таложи во односот, но разговор ќе реши сѐ.

Вага

Невработените Ваги денес ги очекува многу важно интервју за работа. Ова е одлична деловна понуда и, конечно, ќе добиете работа која ја посакувате долго време. Финансиската состојба ќе ви биде стабилна. Зголемената ментална чувствителност ќе ве направи ранливи.

Скорпија

Планетарните аспекти ја забавуваат реализацијата на вашиот деловен план. Денеска е важно да се почитуваат и следат приоритетите. Слободните Скорпии денеска ги очекува средба со многу атрактивна личност преку работата. Можна е љубов на прв поглед. Обрнете внимание на тежината, намалете ги оброците.

Стрелец

Денес ќе имате успешна соработка со компанија од странство. Ве очекува голема финансиска добивка. Слободните Стрелеци ги очекува љубовна врска со фатално привлечна Водолија. Бурна љубовна авантура. Стрелците кои се во врска можат да организираат заедничко патување.

Јарец

Јарци, денеска ве очекува клучен деловен состанок кој може да влијае на долгорочните планови. Успешниот договор може да ви донесе огромен финансиски напредок. Се очекува слободните Јарци на кратко патување да запознаат многу интересна личност. Дајте си шанса себеси да уживате во љубовта.

Водолија

Планетарните аспекти укажуваат на голем број пречки во преговорите. Може да дојде до застој во финансиите. Слободните Водолии денеска, можеби, ќе запознаат многу интересен Овен. Флертувајте без ограничувања бидејќи ќе наидете на возвратена симпатија.

Риба

Денес ќе го проширите кругот на деловни соработници. Сепак, тоа со себе ќе донесе посебен предизвик, а проблемот можете да го решите со ангажирање на целиот тим. Пред вас е романтична вечер со партнерот. Рибите кои се во врска овој ден можат да го поминат на убаво патување со партнерот

Слични објави

(Фото) Владо Георгиев повреден, рамото во гипс: „Паднав пред 7 дена и го претчувствував падот на владата“

Еспресо

„Има 88 гаражи на Менхетен и 1.500 работници“: Бизнисот на новиот партнер на Мина Костиќ предизвика поделени реакции

Е.А.

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо
Се вчитува....