20:06 - 6 април, 2026

Принцот Хари се збогуваше од кралското семејство и пристигна во Канада: Почнува нов живот со Меган и Арчи (ФОТО+ВИДЕО)

Принцот Хари се збогуваше од кралското семејство и пристигна на островот Ванкувер, каде ќе започне нов живот со сопругата Меган и синот Арчи.

Војводата од Сасекс е забележан во Канада, откако тој и Меган постигнаа договор со британската кралица Елизабета Втора за повлекување од кралските должности за да бидат финансиски независни.

Американски дописник за „Скај њуз“ рекол: Тој е само на три минути возење до куќата во која со семејството помина шест недели за божиќните празници и каде војвотката се врати пред 10 дена за да биде со својот син“.

Меган се врати во Канада веднаш откако оваа вест беше објавена пред светската јавност, а Хари на хуманитарна вечера рече дека „не постои друга опција освен да се откаже од кралските должности“.

И покрај ова, принцот Хари во своето обраќање рече дека сака да стави јасно д ознаење дека тој и Меган не заминуваат, па изрази надеж дека ќе можат и натаму да им служат на кралицата, но без јавни средства.

Кралицата Елизабета Втора одржа разговори со принцовите Хари, Вилијам и Чарлс, откако Хари и Меган на 9 јануари најавија повлекување од должностите.

Фото: Профимедиа

Подоцна беше постигнат договор за тоа војводата и војвотката од Сасекс да не добиваат кралски средства и да не можат да им се обраќаат со „кралско височество“.

Парот исто така се очекува да врати 2,4 милиони фунти кои им ги дале даночните обрзници за да ја реновираат новата куќа во Велика Британија.

Тој имот и натаму ќе го користат како своја база на Островот, но се верува дека поголемиот дел од своето време ќе го минуваат во Северна Америка.

Слични објави

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

Дали е безбедно да се пие вода наточена пред еден ден? Стручњаците го имаат одговорот

Т.Ц.

(Фото) Иста како мама: Ретка слика на Кате од „Соната“ со ќерката Ана

msp-admin

Кеба се расплака среде емисија, Ѓорѓе Давид го тешеше: „Ме скрши на парчиња“

Еспресо

Луксуз од полно дрво без луксузен трошок – Одберете си масивна дрвена маса по цена што е реална и достапна

Еспресо
Се вчитува....