5.8 C
Скопје
01:42 - 1 април, 2026

Принцот Хари и Меган Маркл со мудар потег: Пред да ја споделат среќната вест во тајност ја „обезбедиле“ иднината на својата ќерка

Дека војводата и војвотката од Сасекс го живеат животот по строги правила и планови е јасно многу одамна. Но, она што изненади многумина е фактот дека за време на најубавите моменти во животот на секој човек како што е доаѓањето на свет на нивното дете, некој во нивно име ги купил интернет домените со името на малата принцеза.

Лилибет „Лили“ Дијана Маунтбатен Виндзор е родена во 11 часот и 40 минути во петокот, на 4 јуни 2021 година, во болницата Санта Барбара во Калифорнија.

Уште истиот ден, нејзиното име веќе било „обезбедено“, кога некој, очигледно во име на нејзините родители Меган Маркл и принцот Хари, ги купил домените со нејзиното име и тоа lilibetdiana.com, lilibetdiana.org и lilibetdiana.net.

Profimedia

Веста за раѓањето на девојчето беше објавена дури два дена подоцна, што би значело дека само најблиските пријатели и семејство, како и асистентите ја знаеле среќната вест во времето кога се купени домените. Домените се купени преку американската компанија „Domains By Proxy“, која купува веб-страници за сите оние кои не сакаат во јавноста да протекуваат информации за нив.

профимедиа

Домените се купени преку брокер во Аризона на денот кога се родила Лилибет Дијана, и иако никаде не е напишано официјално дека Меган Маркл и принцот Хари се сопственици на истите, тоа е јасно, бидејќи тие ја споделија среќната вест за доаѓањето на девојчето на светот дури два дена подоцна, затоа навистина биле премали шансите некој да го искористи нејзиното име.

Покрај тоа, купен е и доменот lilibetdiana.co.uk, но тоа купување е направено дури вчера. Се шпекулира дека парот има намера, исто како што беше случај со нивниот син Арчи и „Archewell“, да основа фондација именувана по нивната ќерка.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....