11:33 - 11 април, 2026

(ФОТО) ПРИНЦЕЗАТА ШАРЛИН КОНЕЧНО СЕ ВРАТИ ВО МОНАКО: Позираше со принцот Алберт и децата, но дали стави крај на гласините?

Принцезата на Монако конечно пристигна дома! По повеќе од девет месеци, но и бројни здравствени компликации, 43-годишната принцеза Шарлин пристигнала во Монако со ноќен лет од Дурбан, Јужна Африка. Мајката на близнаците Жак и Габриела, кои ги има со принцот Алберт, пристигнала на југот на Франција во 8.30 часот по локално време и слетала во Ница со приватниот авион на нејзиниот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eleonora (@royal_megazine)

Со ова се стави крај на шпекулациите и гласините за проблемите во кнежевското семејство, поточно за проблемите во нивниот брак. Според очевидци, на аеродромот ја пречекале принцот Алберт и шестгодишните близнаци, принцот Жак и принцезата Габриела, кои ѝ дале голем букет цвеќе, а потоа четиричленото семејство со хеликоптер заминале во Монако.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @children_.royals

Шарлин пристигна во Франција со своето милениче, а судејќи по фотографиите од папараците кои веднаш го обиколија светот, таа не изгледа ни најмалку добро. Бледа во лицето, крајно слаба, повторно облечена во црно, со што како што велат многумина дополнително го засилува впечатокот колку навистина не е среќна во бракот со владетелот на Монако.

Сепак, за да ги исполни очекувањата на јавноста, таа одвоила момент за да се фотографира со сопругот и децата, гушкајќи го Алберт околу вратот, кој пак, судејќи по фотографиите, позира вкочането со изнудена насмевка.

(ФОТО) ЕДНА СЛИКА 1000 ЗБОРОВИ: Принцезата Шарлин се обиде да стави крај на гласините, неуспешно

Сепак, оваа принудна семејна фотосесија воопшто не ја смири јавноста, напротив, сега сите очи ќе бидат вперени во ова кралско семејство и ќе продолжат со големо внимание да ги следат вестите од дворецот.

Слични објави

(Фото) Милан Станковиќ го прекина молкот на Велики петок – неговата објава многумина трогна

Еспресо

(Видео) Сѐ како од бајка! Драгана Мирковиќ воодушеви со велигденската декорација во својот дворец

Еспресо

Хороскоп за 11 април: Лавовите ќе уживаат во романтичните нежности, Близнаците ќе добијат прекрасен комплимент

Еспресо

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.
Се вчитува....