21:20 - 10 ноември, 2026

Претпладне се раѓаат оптимисти, а попладне бунтовници

Денот е поделен во шест временски единици, периоди кои ја диктираат биоенергијата на човекот како и неговите карактерни особини зададени со часот на неговото раѓање. Секоја од тие таканаречени временски клетки го диктира човечкиот карактер со оглед на влијанието на планетите.

Првиот период е од полноќ до 4 часот наутро, вториот од 4 до 8 наутро, третиот од 8 до пладне, четвртиот од пладне до 16 часот, петтиот од 16 до 20 часот и шестиот од 20 часот до полноќ.

Ноќните деца се сонувачи

Луѓето родени од полноќ до 4 часот наутро ги краси сонувачки дух, бујна фантазија и чувствителност. Понекогаш имаат проблем со соочување со реалноста, а верни им се на своите идеали кои од детството не ги менуваат. Честопати се двоумат меѓу своите цели, поради што стануваат немирни. Сакаат да им пренесуваат знаење и искуства на другите.

Ранобудниците се најупорни

Луѓето родени помеѓу 4 и 8 часот наутро се упорни во сè со што се занимаваат. Тие се вистински животни практичари и тешко е да се изненадат – како да се однапред подготвени за сите потешкотии во животот. Имаат голема желба да го остварат она за што другите сонуваат, а во тоа вложуваат многу труд. Најчесто се многу интелигентни, но тоа не им донесува голема материјална корист.

Претпладне се раѓаат оптимисти и филозофи

Луѓето родени меѓу осум часот наутро и пладне со својата присутност ги развеселуваат сите околу себе. Амбициозни се и големи се шансите да успеат на деловен план, а во приватниот живот се оптимистични и продуховени. Сакаат да филозофираат за смислата на животот и меѓучовечките односи, а поседуваат и бројни уметнички таленти.

Попладневните деца се енергични и креативни

Љубопитна природа, жив дух и многу енергија ги краси родените меѓу пладне и 16 часот. Родени се да бидат учители, математичари и големи говорници. Во меѓучовечките односи се склони кон конфликти, но ним живот без повремена драма и така би им бил здодевен.

Доцна попладне е време на бунтовниците

Овие луѓе имаат немирен дух кој постојано ги води кон нови предизвици. Тие се друштвени бунтовници, а нивната енергија е вистински дар. Сепак последица на тоа може да биде и склоност кон нервоза. Иако делуваат брзоплето, тие скоро секогаш имаат план, па не треба да се грижат за својата иднина.

Вечерните деца се полни со самодоверба

Овие луѓе се природни лидери, а нивниот доминантен дух брзо освојува. Полни се со самодоверба и тешко е да се предомислат, а најмногу страдаат ако некој им го повреди егото. Специфични се по тоа што им е неопходно одредено време во денот да го поминат сами за да си ги средат мислите и да соберат енергија за дружење со другите.

Слични објави

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.
Се вчитува....