13.8 C
Скопје
18:28 - 12 март, 2026

Поранешниот сопруг на Меган Маркл очекува дете со богата наследничка (ФОТО)

Во врска се од 2017 година, а се венчаа една година по големата кралска свадба на принцот Хари и Меган Маркл.

Холивудскииот продуцент Тревор Енгелсон (43), поранешен сопруг на војвотката Меган Маркл (38), објави на Инстаграм дека тој и сопругата Трејси Курланд (33) го очекуваат своето прво дете, пренесува „Мирор“.

Profimedia

Вљубените треба да добијат девојче во септември оваа година, а тој ја објави среќната вест со фотографија на која позира заедно со сопругата со маска на лицето додека ја допира за стомакот.

– Идната мајка на годината и таткото на девојчето кое ќе биде надвор од неговата лига. Нешто најдобро што сум направил во животот – напиша Тревор покрај фотографија.

Profimedia

Продуцентот ја запроси богатата наследничка само две недели по кралската свадба, а во врска се од ноември 2017 година.

Profimedia

Тревор првично беше силно погоден поради раскинувањето со Меган.

Profimedia

Кога раскинале, војвотката од Сасекс преку пошта му го испратила дијамантскиот венчален прстен. Иако биле во врска седум години, а две години во брак, Меган и Тревор одлучиле да се разведат поради „непомирливи разлики“.

 

Instagram

Слични објави

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Александра Радовиќ собира средства за обнова на манастир од 15 век

Е.А.
Се вчитува....